Брод со 700 мигранти се преврте во територијатлните води на Либија во Средоземното море. Несреќата се случила на околу 210 километри од италијанскиот остров Лампедуза.

Медиумите од Малта јавуваат дека до сега се спасени 28 лица, кои од морските води ги извлекол португалски брод, а се стравува дека повеќе стотини се удавиле.

Несреќата се случила околу полноќ при блиска средба со трговски товарен брод, кога поголем број мигранти преминале од една на друга страна од бродот којшто ги превезувал, при што тој изгубил рамнотежа и се превртел.

Во тек е голема спасувачка акција на Медитеранот.

OhridNews