Зовриените страсти на теренот во дербито помеѓу Интер и Наполи се префрлиле и на улиците низ Милано, каде навивачите имале меѓусебни пресметки. Исходот е катастрофален, бидејќи еден симпатизер на Интер го загуби животот.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, околу шеесетина вооружени навивачи на Интер го запреле комбето во кое се наоѓале симпатизерите на Наполи. Во тепачката настрадале симпатизерите на Наполи кои биле прободени со нож и тепани со тврди предмети. Комбето кога почнало да се движи удрило во несреќниот 35-годишен навивач на Интер кој починал во болница, иако докторите веднаш го оперирале.
Италијанската полиција доцна синоќа почнала со откривање на сторителите и расчистување на случајот кој фрли голема дамка на италијанскиот фудбал. 2018 година има непосакуван крај во италијанската Серија А, бидејќи еден човечки живот вреди многу повеќе од победа на својата екипа.
За несакани ситуации во фудбалот реагираше и стратегот на Наполи Карло Анчелоти кој рече дека ќе ја повлече екипата следниот пат кога ќе бидат вреѓани на расна основа неговите фудбалери. Цел на напади на Џузепе Меаца беше Калид Кулибали.
OhridNews