Голема трагедија го потресе Бразил, откако четири фудбалери и претседателот на четвртолигашот Палмас погинаа во авионска несреќа.

Малиот и приватниот авион со кој превезувале паднал веднаш по полетувањето и експлодирал. Петте членови и пилотот кој го управувал авионот починале на лице место.

Најстариот од починатите фудбалери бил 28-годишен, двајца имале 23 години, а еден 27 години. Претседателот бил 32-годишен човек. Идентитетот на пилотот не е објавен.

Дуелот помеѓу Палмас и Вила Нова во Купот на Бразил за нисколигаши е одложен.

Несреќата на Палмас, бразилската и светската јавност ги потсети на трагедијата пред четири години, кога авионот кој го превезуваше клубот Чапекоенсе се сруши и голем дел од присутните во авионот ги загубија животите.

 

OhridNews