Последниве десеттина денови се актуелизираше идејата на големите клубови за формирање на Супер лига, која ќе (треба) биде пандан на Лигата на Шампиони. Во Супер лигата која ќе биде од затворен тип и со ограничен број на учесници право на настап ќе имаат клубови кои доаѓаат од најдобрите лиги во Европа (Англија, Шпанија, Германија, Италија, Холандија и Франција).

Голема шлаканица и опомена идејата доби од Црвена Ѕвезда, два пати. Српскиот фудбалски првак на домашен терен пред преполн стадион успеа да го победи Ливерпул 2-0 и да извлече реми со Наполи 0-0.  Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин изјави дека со формирање на таква лига најголем губитник ќе биде фудбалот, а Црвена Ѕвезда го покажа и докажа тоа со позитивните резултати на домашен терен против екипи кои доаѓаат од најдобрите лиги.

Полните стадиони се честа глетка во ЛШ, но гостувањата на квалитетни и големи екипа како Ливерпул, Наполи и ПСЖ на клуб каков што е Ѕвезда го прави фудбалот посебен и единствен, а ЛШ уникатна. Со формирањето на Супер лига од затворен тип, Црвена Ѕвезда и други екипи од овој ранг во догледно време не ќе имаат можност да се судрат со екипи од светски калибар, што ќе ги „убие“ фудбалот во земји каде што живот се дава за клубот.

Најдобрите национални шампионати на стариот континент уживаат големи придобивки во ЛШ. Од оваа сезона Англија, Шпанија, Германија и Италија имаат по четири загарантирани места во фазата по групи и екипите кои доаѓаат од овие земји не играат квалификации.

Интересот на клубовите за формирање на Супер лигата веројатно е финансиски или пак битка против УЕФА, бидејќи Лигата на Шампиони од година во година напредува и без дилеми е најдоброто клупско натпреварување во светот.

OhridNews