По повод 14-тиот роденден, овој петок во Cuba Libre beach & bar ќе настапи музичката атракција „Cubalcanica“.
Големата роденденска забава започнува од 21:00 часот.
Еден од најпрепознатливите охридски угостителски брендови, со години е омилено место на охриѓани и туристите.
„Cuba Libre“ започна со работа како бар во стариот дел на Охрид во 2000 година и за кратко време стана омилено собиралиште на младите. Следуваше отворање на плажата „Cuba Libre“, како и ноќниот клуб во центарот на градот.
OhridNews