На 16-ти и 17-ти мај, (четврток и петок) ќе се случи голема презентација на најпознатите брендови во Кармен Бауцентар – Охрид со многу попусти, промоции и изненадувања од светски познатите производители.

„BEKAMENT“ ќе презентира врвни фасадни системи, „KNAUF“ ќе се претстави со иновативни системи за сува градба за модерни и ефикасни решенија, како и квалитетни системи за изолација за удобен и енергетски ефикасен дом. „MARAZZI“ ќе ги претстави италијанските плочки со елегантен дизајн и висок квалитет, „Swiss Krono“ ламинатните подови кои го обогатуваат просторот со стил, а „Mapei“ градежните материјали од Италија за трајни и сигурни решенија.

Брендот „SOUDAL“ ќе презентира интелигентни системи за заптивање за перфектен завршен изглед, „VELUX“ ќе претстави производи за осветлување и вентилација за удобен и здрав дом, „CLEVER“ ќе изложи санитарија со висок квалитет и стилски дизајн, „DeWALT“ професионален алат за издржливост и перформанси, а „BOSCH“ ќе претстави професионален алат и градинарска опрема за секој професионален предизвик.

Во деновите на презентација во Кармен Бауцентар – Охрид, ќе има попусти од 20% до 50% на одредени производи, бесплатни пијалаци и скара во неограничени количини за сите потрошувачи.

OhridNews/PR