Триесетина илјади луѓе се собрале во американскиот град Лас Вегас на годишната конвенција на порно индустријата, Adult Entertainment Expo.
Размерот на порно-индустријата, односно забавата за возрасни, покажува огромен пораст и годишно заработува повеќе од Холивуд, дури 57 милијарди долари. Се проценува дека годишен придонес на порно индустријата кон американското стопанство е меѓу 12 и 20 милијарди долари. Една од причините за успехот е во употребата на најнова технологија, видео на интернет и користењето подвижни слики на мобилните телефони.
На ваквите саеми лесно човек останува збунет, крај експлицитните филмови, застрашувачките играчки и илјадниците полуголи глумци на видео-ѕидовите, изјави еден од посетителите. Но, сепак нивото на сериозност не се разликува многу од другите собирања бидејќи и порнографијата е еднакво голем и успешен бизнис.
За растот на оваа индустрија „заслужна“ е и новата дигитална технологија на снимање и репродукција која овозможила полесен пристап до таквите содржини. Во Америка се снимаат околу 200 порнографски филмови неделно.
С.К.