Повеќе од 4000 уметнички дела и археолошки предмети се пронајдени, а 75 луѓе се уапсени во акцијата на Европол, спроведена во 18 земји. Операцијата „Пандора“, спроведена во октомври и ноември под водство на кипарската и шпанската полиција, била насочена против криминалните мрежи кои шверцуваат уметнички и културни дела во Европа.

Запленети се над 3.500 културни предмети, од кои половината биле археолошки. Во операцијата се пронајдени и повеќе од 400 монети од разни временски периоди.
Петстотини историски предмети се пронајдени само во шпанскиот град Мурсија, од кои 19 биле украдени од градскиот Археолошки музеј во 2014 година.

Операцијата е спроведена во 18 земји, вклучувајќи ја и Австрија, Германија, Грција, Италија и Малта, а учествувале УНЕСКО и Светската царинска организација.

OhridNews
извор Макфакс