Голема полициска од утрово е во тек на повеќе локации во државата. Акцијата ја спроведуваат Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а таргет е добро организирана група на високи претставници на АД ЕСМ и лица кои управуваат со други правни субјекти.
Премиерот Мицкоски коментирајќи ги активностите на истражителите посочи дека постои основано сомнение дека осомничените направиле криминал од околу 6,5 милиони евра.
Многу докази се најдени, но тоа ќе го оставам на обвинителството, на судовите. Мора да веруваме на презумпцијата на невиност, додаде Мицкоски.
Премиерот посочи дека еден од осомничениот во случајот е поранешниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и оти тој е надвор од државата.
Неофицијално, во денешната акција приведени се повеќе лица, а со истрагата опфатени се и неколку компании од различни градови.
Г.М.