Шумската полиција од Охрид во заедничка контрола со шумочуварската служба од ПШС “Галицица” Охрид, откри 40 бесправно исечени букови дрва за огрев на планината Караорман, во местото викано Рамна Ливада.
Ова е втора голема заплена на бесправно исечени дрва во Охридско – струшкиот регион. Пред два дена на Јабланица беше откриена бесправна сеча на 300 букови стебла, односно околу 180 м3.
Бесправно исечените дрва се одземени и предадени на ЈП Национални шуми
Г. М.