Црвениот крст ги повикува охриѓани да ја покажат својата хуманост и спасат човечки живот, дарувајки крв во акцијата што ќе се одржи на денеска од 10-15 часот во просториите на основното училиште.
– Посебно апелираме до сите политички субјекти во Охрид, кои во изминатиов период често го користеа говорот на омраза, нетолеранција, непочитување, да ги надминат суетите и политичките разлики, да се потпрат на своите хумани чувства и ја искористат оваа оваа хумана активност за меѓусобно помирување и дружење.-апелираат од Црвениот крст Охрид.
Собраните крвни единици ке бидат наменети за потребите на пациентите во Општата болница во Охрид.