За да ги задоволи потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид во рамки на одбележување на Неделата на Црвениот крст, во соработка со службата за трансфузија организира крводарителска акција под мотото „РАЗУБАВЕТЕ ГО ДЕНОТ, СЕБЕ СИ И НА ДРУГИТЕ“. Акцијата ќе се реализира на 19 мај, среда, во спортската сала на ОУ „Григор Прличев“ во Охрид, во периодот од 9:00 до 14:00 ч.

Во време на кризата предизвикана од коронавирусот трансфузиското лечење мора да биде сигурно и континуирано. И во овие вонредни услови голем број пациенти во здравствените установи во Охрид имаат потреба од крв и крвни продукти. Ги покануваме сите хумани сограѓани на возраст од 18 до 65 години да се придружат на хероите на ова време и дарувајќи ја драгоцената течност, спасат човечки животи. – стои во повикот на Црвен крст Охрид.

Согласно протоколите за работа во услови на епидемија од Ковид -19, ќе бидат преземени сите потребни заштитни мерки и овозможени услови за безбедно дарување крв на сите крводарители, информира Црвен крст Охрид.