Изминатиов викенд максимален ангажман на оперативните служби на ЈП „Охридски Комуналец“ за одржување на јавната чистотоа.

Во деновиве кога Охрид го живее врвот на туристичката сезона, дежурните екипи на терен 24/7.

Сите туристи се дојдени за одмор и релаксација, но дел од младата популација зад себе го остави отпадот по јавните пешачки и зелени површини. Се чистеше на стадионот Билјанини Извори по одржаните концерти и плажата Немо. Интервенирано е и по кејот, ул. „Македонски Просветители“, градскиот парк во повеќе наврати за да се справиме со огромните количини расфрлан отпад, информираат од претпријатието.

Воедно меѓудругото додаваат дека на градскиот кеј биле заменети со нови и знамињата заради дотраеност.

OhridNews