Голема количина на ПЕТ амбалажа и мешан отпад беа собрани во рамки на еколошката акција „Генералка Викенд“ која се одржа во Охрид.
Акцијата ја реализираа Општина Охрид и ЈП „Охридски Комуналец“ со поддршка Шпаркасе Банка и Kостал Македонија Дооел. Целта е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина и природата.
Во теренските активности беше опфатен потегот од плажата „Горица“ до поранешната детска болница и хотел „Метропол“ до населба Лагадин и село Пештани. Во акцијата учествуваа и дел од основните училишта и градинката со чистење на дворните места. Учениците од ООУ „Св.Наум Охридски“ од Пештани ја чистеа и плажата во селото, велат од Општина Охрид.
Еколошката акција беше организирана од компанијата „Мен енд маунтен“ со поддршка на „Пивара Скопје“, „Пакомак“ и „НУЛА отпад“.
OhridNews