Во акција координирана од Министерството за внатрешни работи, денеска кај градските гробишта во Охрид, приведен е турски државјанин со над 100 килограми дрога марихуана.

Тој сакал дрогата да ја пренесе на следна дестинација со патничко возило.

Повеќе детали за случајот и количината на запленетатa дрога, МВР најави за утре.

OhridNews