Охридско Еѕеро
Од 19.08.2018 - 20:00 до 19.08.2018 - 22:00
Голема хуманитарна забава за помош на младата Јана Арсовска ќе се одржи на 19 август, недела на бродовите: АЛЕКСАНДРИЈА, АЛЕКСАНДРИЈА 2, ГАЛЕБ И КРИСТИНА РОЈАЛ, со почеток во 20 часот.
На забавата свое учество потврдија SHINE (Дамјан Пејчиноски и Јордан Манов), групата BATLER, DJ FACE… и други.
Јана које боледува од тешка болест, повторно се наоѓа на лекување во Германија, на малтешката клиника во Фленсбург, и во следниот период треба да и се изврши трансплатација на коскена срж. Со цел да го помогнеме нејзиното лекување, како и престојната медикаментска фаза и идните контроли кои треба да се прават во клиниката, ја организираме оваа хуманитарна забава, и се надеваме дека и Вие ќе помогнете со вашето присуство и хуманост. – велат организаторите.
Картите за овој хуманитарен настан ќе се продаваат на пултот од бродовите Александрија на градското пристаниште во Охрид, од четврток 16.08.2018 до сабота 18.08.2018, во периодот од 10 часот до 22 часот, по симболична цена од 200 денари.
Вкупниот промет од продажбата на картите и пијалоците ќе се префрлат на трансакциската сметка на Јана.
Инфо за помош:
Име Презиме : Јана Арсовска
Адреса : Ѓорче Петров 14г
Бр. Сметка 530500010490410 во Охридска банка
Дознака: Донација
Контакт и информации: 077854758; 070374103; https://www.facebook.com/aleksandrijaboatohrid