Во познатиот угостителски локал „Mr I“, денеска, ќе се одржи целодневна забава во хуманитарни цели, со музички уметници и диџеи од градот. Сите средства кои ќе се соберат на забавата, ќе бидат донирани за обнова на домот на охридското семејство Садик, чиј дом целосно изгоре во пожар што се случи на 9-ти јануари.
Помош за семејството Садик најавија и други угостителски објекти, невладини организации и хумани граѓани.
OhridNews