И оваа година на 31 мај, Црвен крст Охрид ја организира хуманитарната спортско-рекреативна акција “За посреќно детство” која има широк општествен карактер.
Средствата собрани од оваа акција со продажба на учесничките броеви и со обезбедување на прилози од спонзори и донатори, наменети се за набавка на специјални колички за децата телесните инвалиди и децата болни од церебрална прализа, со кои тие ќе можат да се капат и рекреираат во водите на Охридското езеро.
Секој кој ќе купи учеснички број за акцијата, кој чини 30 ден., помага на децата со телесен инвалидитет и може да се натпреварува во повеЌе дисциплини: шах, пикадо, бадминтон, хокеј на трева, баскет, не лути се човеку и многу други спортски и културно-забавни содржини. Секој купен учеснички број учествува во големата наградна игра со преку 30 вредни награди: седум дневно зимување на Копаоник, телевизор, ДВД плејер, компјутерска галантерија, кои Ќе бидат јавно извлекувани.
Стартот на хуманитарната трка е во сабота 31 мај во 11 часот од кај градската фонтана-кај Чинарот а целта е пред Центарот за култура “Григор Прличев”, на кеј „МарШал Тито”. Од 11:30 – 15:30 – на просторот пред Центарот за култура, на потегот од почетокот на кеј „Маршал Тито” и паркот кај споменикот „Кирил и Методиј” до х. „Палас” ќе се одвиваат спортски и забавни содржини. На манифестацијата Ќе бидат презентирана дел од опремата и активностите на повеЌе институции, клубови и здруженија-Противпожарна единица од Охрид, карате клуб „Безбедност”, извиднички одред „Бран” и др.