Втора година по ред охридскиот Црвен крст ја организира хуманитарната спортско-рекреативна акција “За посреќно детство” . Целта на оваа акција е промовирање на спортскиот дух меѓу младите преку нивно учество во различни спортско-рекреативни содржини, како и подигање на свеста кај младите за солидарност, хуманост и пружање на потребната помош на оние кои се соочуваат со социјални или здравствени потешкотии, велат од Црвениот крст.
 
Средствата собрани од оваа акција со продажба на учесничките броеви и со обезбедување на прилози од спонзори и донатори, наменети се за набавка на специјални колички за децата телесните инвалиди и децата болни од церебрална прализа, со кои тие ќе можат да се капат и рекреираат во водите на Охридското езеро.

Секој кој ќе купи учеснички број за акцијата, кој чини 30 ден., помага на децата со телесен инвалидитет и учествува во големата наградна игра со преку 30 вредни награди: седум дневно зимување на Копаоник, телевизор, ДВД плејер, компјутерска галантерија, кои Ќе бидат јавно извлекувани.

Стартот на саботната хуманитарна трка е кај градската фонтана-кај Чинарот а целта е пред Центарот за  култура “Григор Прличев”, на кеј „Маршал Тито”. На просторот пред Центарот за култура, на потегот од почетокот на кеј „Маршал Тито” и паркот кај споменикот „Кирил и Методиј” до х. „Палас” ќе се одвиваат спортски и забавни содржини. На манифестацијата ќе бидат презентирана дел од опремата и активностите на повеЌе институции, клубови и здруженија-Противпожарна единица од Охрид, карате клуб „Безбедност”, извиднички одред „Бран” и др.

Ohridnews