На иницијатива на група млади од Охрид и познатиот активист и јутјубер Вик Какаротски, во тек е голема хуманитарна акција „Пакетчиња за сите дечиња“. Таа има за цел да се обезбедат неколку стотини пакетчиња, кои ќе им бидат донирани на различни категории на деца од Охрид, околината и Дебрца.

Идејата е поттикната од поддржувачи на „Часот на љубовта и другарството“, а првичната цел е да се поделат пакетчиња на децата кои го посетуваат часот, како и на дечиња од социјално загрозени категории и други групи на деца одградот и околината. – изјави за OhridNews Вик Какаротски.

Во акцијата веќе се вклучија повеќе поединци и фирми од градот, а организаторите ги повикуваат сите што се во можност да донираат новогодишни пакетчиња кои ќе ги развеселат охридските дечиња.

Пакетчињата на најмладите ќе им ги врачи лично Дедо Мраз.

OhridNews