Големата фудбалска легенда на Ливерпул, Кени Далглиш е хоспитализиран откако тестот за вирусот Ковид -19 се покажал позитивен.
За сега, Далглиш немал никакви симптоми, но мора да биде под лекарски надзор бидејќи ситуацијата за краток временскиот период може да се влоши, пренесува клубот од Енфилд.
Далглиш во дресот на Ливерпул како фудбалер помина 13 сезони. Како менаџер во два мандати го предводеше клубот шест сезони. Прв пат на чело беше 1985-1991 односно 2011-2012.
OhridNews