Заврши третата сезона на квизот Среќно семејство, а со тоа и 38 возбудливи епизоди исполнети со забава, насмевки, неизвесност и се разбира многу среќа за 72 семејства од цела Македонија. Но, иако беше наменет за оние кои редовно ги плаќаат сметките за електрична енергија, квизот воведе една сосема поинаква димензија со донирање на освоените средства во хуманитарни цели.
Преку 100 познати личности се натпреваруваа во тимови и се обидоа да освојат што е можно повеќе средства за 42-те хуманитарни организации. Во вкупно 14 епизоди од квизот, многу пејачи, глумци, водители, спортисти освоија преку 25.000 евра за различните организации кои овие средства веднаш ги наменија за најгорливите потреби во својата сфера на делување.
Апарати за домаќинство, реновирање на простории, кампањи за поддигнување на јавна свест, лекови, храна, итн. се само дел од помошта која организациите успеаа да им ја пружат на ранливите групи со донациите од квизот. Покрај паричните средства, многу е важно што организациите имаа можност и јавно да ги промовираат своите цели и активности и со тоа да ја испратат својата порака во пошироката заедница, но и можеби да го привлечат вниманието на некој нов донатор. Ваков тип на донаторска акција како што ЕВН Македонија ја реализираше преку Среќно семејство, во Македонија досега не е организирана.
OhridNews