Во новоотворениот, луксузен хотел Атлантис во Дубаи, едно ноќевање чини 18.000 евра. Меѓутоа кон заливот на скапоцениот хотел се движи голема дамка од фекалии.
Возачите на камиони во Дубаи се виновни за ова големо загадување кое му се заканува на скапоцениот хотел Атлантис кој неодамна е отворен. Одлагајќи го отпадот и фекалиите во индустриската зона, тој со помош на дождовните одводи стигнува во заливот. Кристалното море ја има променето сината бојата во сива. Клубот за едрење морал привремено да се затвори бидејќи неколку луксузни бродови и јахти се расипале наидувајќи на дамката.
„Моравме да го затвориме клубот поради ненадејната појава. На неопределено време бродовите нема да пловат. Неколку од нив се расипаа пловејќи по загадените делови на морето“ – рекол менаџерот на клубот, Кејт Муч.
Неколку луѓе се разболеле после пливањето во загаденото море.