Правдата на финалниот натпревар во Купот на Македонија кој ќе се одигра на 26 мај на стадионот „Младост“ во Струмица помеѓу Пелистер и Шкендија ќе ја делат охридски арбитри. Задачата на главен судија му припадна на Марјан Маркоски, додека улогата на асистент ја доби Жарко Тодоровски, а еден од судиите позади головите е Марјан Ецкоски. Уште еден асистент е Никола Караколев од Штип, а позади головите ќе биде и Зоранчо Темелков.

Делењето на правдата во финалето во Купот на Македонија ќе биде голема чест и одговорност за охридските судии кои повеќе од една деценија се дел од фудбалската елита во Македонија.

Охрид како град ќе има уште еден преставник во финалето, а тоа е Ристе Маркоски кој ги брани боите на Пелистер. Минатата година за трофејот се бореа овие две екипи, а на крајот се радуваше битолски Пелистер после изведување на пеналите.

OhridNews