Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно Законот  за празниците на РМ 28 август 2011 година (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), е неработен ден за верниците од православната вероисповед во Република Македонија.

Исто така 30 август, вторник, кога се одбележува празникот првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден  за граѓаните на  Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на верниците им ги честита празниците.

OhridNews