Голема нелегална сеча на дрва е откриена на планината Јабланица дознава OhridNews.

Имено, во акција на Шумската полиција, вчера утрото во 07:15 часот, на планината Јабланица, во атарот на Ќафасан, оддел 20 и 21, откриена е бесправна сеча на 300 букови стебла, односно околу 180 м3.

Бесправно исечените дрва се одземени и предадени на ЈП Национални шуми.

OhridNews
Фото: Архива