Во период од 2-ри до 5-ти април 2015 година во Струга ќе се одржи голема акција за чистење на брегот на Охридското Езеро. Акцијата ќе ја спроведе невладината организација „Уметност на живеење Македонија“ во рамки на проектот „Македонија – зелена и чиста“.

-Охридското Езеро е најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија, најстаро во Европа и од биолошки аспект, најзначајниот стагнантен воден екосистем на континентот. Целта ни е со нашето учество да поттикнеме акција со која ќе се исчи отпадот од овој бисер, прогласени за Светско културно наследство, под заштита на УНЕСКО. Светската важност на езерото се потврдува во 2010 година кога НАСА и Меѓународната астрономска унија решаваат едно од езерата на Урановата месечина Титан да го носи името „Охридско Езеро”, велат организаторите.
 
Тие се надеваат дека со оваа акција ќе помогнат во зачувување на поголем број реликтни и ендемични организми кои живеат во Охридското Езеро.
 
OhridNews