Полициските службеници на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) денеска во рамки на Меѓународната оперативна акција АТМ започнаа претреси на деловни и станбени објекти и движен имот на 13 локации на подрачјето на Сараево и Зеница.

Наведените активности се вршат поради постоење основи на сомнение дека се сторени кривичните дела „организиран криминал“ и „перење пари“ пропишани со Кривичниот законик на Босна и Херцеговина. Претресите се вршат по наредба на Судот на Босна и Херцеговина и под надзор на Обвинителството на БиХ во соработка со полициските службеници на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево и Зеничко-добојскиот кантон.

Тие активности се резултат на работата на Заедничкиот истражен тим на СИПА и Обвинителството на БиХ и Специјалното обвинителство и полицијата, што започна во февруари минатата година.

Во рамките на оваа меѓународна оперативна акција спроведена од полициски службеници на СИПА во Босна и Херцеговина, денеска почнаа претреси и во Словенија на повеќе од 70 локации, во чии рамки е планирано да бидат уапсени над 50 лица, јавија сараевските медиуми.

Во тек се активности за прибирање податоци за средствата што осомничените ги имаат на банкарски сметки и сефови.

OhridNews