Под мотото „Еден свет: Заедно дома“, американската пејачка Лејди Гага со организацијата „Глобал ситизен“ која собра 35 милиони долари за борба против коронавирусот, вечерва, организира специјално тв шоу, кое ќе биде своевиден виртуелен концерт во живо, на кој ќе настапап голем број светски познати музички ѕвезди како Пол Макартни, Стиви Вондер, Тејлор Свифт, Алиша Кис, Елтон Џон, Ашер, Били Ајлиш и многу други.

Домаќини на шоуто кое истовремено ќе се емитува на повеќе светски телевизиски канали, стрим платформи и социјални медиуми, ќе бидат познатите водители Стивен Колбер, Џими Фалон и Џими Кимел.

Целта на шоуто е да се промовира духот на солидарност во глобални рамки и да се изрази поддршка на здравствените работници и сите останати кои се на фронтот во борбата со невидливиот непријател кој смртоносно му зе заканува на човештвото.

Инаку, собраните средства од фондацијата „Глобал ситизен“ ќе бидат донирани на Светската здравствена организација.

OhridNews