По повод празникот „Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица“ во планинското село Завој вчера се одржа традиционалниот празничен собир на кој присуствуваа околу 1.500 верници.
-Собирот по повод овој голем христијански празник има голема традиција и според историските податоци истиот се прославува од 1720 година. Покрај големиот број печалбари кои секое лето ја посетуваат Македонија, специфично за оваа година е тоа на прославата беа дојдени и организирани групи од Велес и Битола, како и туристи од други градови, не информираа дел од организаторите на народниот собир.
Покрај верските обичаи и богослужбата во црквата „Света Богородица“, верниците биле дел и од традиционалнито празничен ручек. Атмосферата била збогатена со настап на групата „Модус“, Членовите на КУД „Филиграни“ од Охрид и естрадниот уметник Влатко Миладиноски.
OhridNews
Фото: Георги Ставрески