Атлетичарот од охридскиот клуб Јован Стојоски кој единствен македонски преставник на Европското првенство до 23 години во Шведска се избори за пласман во полуфиналето на 400 метри. Стојоски во својата група финишираше на третата позиција, што беше доволно за влез помеѓу осумте најдобри.

Стојоски утре во 17 часот ќе трча во полуфиналето и ќе се бори за пласман во големото финале. Полуфиналните трки ќе бидат пренесувани во живот на каналите од „Еуроспорт“.

Македонскиот репрезентативец ќе се натпреварува и на 200 метри. Таа дисциплина ќе започне в сабота со квалификациите.

OhridNews