На III Меѓународна поетска манифестација „Пролет на сребрените соништа” во категоријата средно образование, Диплома за најдобра песна доби ученикот Николче Ангеловски од ОУТУ „Ванчо Питошески“ под менторство на професорот по македонски јазик и литература Перчо Божиновски.

Само треба да се слушне и доживее моќта на зборовите директно искажани од ученикот Николче Ангеловски во поетската творба „Пролетните сребрени соништа сонуваат во есен”, вели менторот Божиновски, додавајќи дека е горд на постигнатиот успех.

Најголема е честа кога наградите доаѓаат во конкуренција на меѓународно ниво, тоа е восхит на возвишениот дух затоа што навистина знаат да го препознаат квалитетот и да го ценат вложениот труд на учениците. Вистински доказ како се поттикнува творештвото на учениците. – рече професорот Божиновски.

Тој апелираше до учениците да творат и да го негуват македонскиот јазик затоа што поетите се прегрнуваат преку јазиците.

OhridNews