Охридските стрелци забележаа голем успех на Државното првенство кое се одржа во Битола во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма.
Од шесте натпреварувачи со медал се вратија четири и многу признанија и честитки. Нов шампион на Македонија во дисциплината воздушна пушка-мажи е Михаил Шишкоски со испукани 586,1 кругови. Успехот на Шишкоски го продолжи, Анастасија Мојсовска која се закити со златен медал со државен рекорд (608,8 кругови) во дисциплината воздушна пушка-јуниорски. На второто место во истата дисциплина се пласираше Јована Милевска со 595,4 кругови, додека третопласирана финишираше Мартина Петровска со 592,7 кругови, а и четврото место им припадна на охриѓанки и тоа на Јана Маркоска.
Свој камбек после неколку годиниа пауза имаше Филип Војданоски кој настапи во категоријата на сениори со резултат 540,2 кругови.
OhridNews