На Интернационалниот бреинобреин натпревар, кој по четврти пат се одржува во Дубаи, ОАЕ, како претставници на Македонија учествуваа 10 деца од Центарот за развивање животни вештини Бреинобреин – при Црвен крст Охрид, предводени од тренерот на програмата. Во исклучително силна конкуренција тие покажаа големо знаење и освоија повеќе награди: 2 трофеи, 7 златни и 1 сребрена медаља.

Особена вредност на ова најсилно Бреинобреин натпреварување во Дубаи дава поставувањето на Гинисов рекорд за најголем час по ментална аритметика, со повеќе од 3200 учесници.

OhridNews