Голем успех на џудистите од Џудо клубот „ДРИМ” од Струга на Меѓународниот натпревар „СКОПЈЕ ОПЕН 2024” од каде се вратија со 4 златни, 5 сребрени и 6 бронзени медали.

Тоа што е поважно за нас е моментот дека за прв пат на натпревар настапија и нашите џудисти од Џудо секцијата во с. Подгорци и не само што настапија туку и освоија 3 медали. За само 3 месеци успеавме да изградиме џудисти кои освојуваат медали на меѓународни натпревари и секако ќе бидат иднината на џудо спортот во с. Подгорци, велат од Џудо клубот „ДРИМ” од Струга.

Со медали се закитија:

ЗЛАТЕН

Мишела Јаулевска
Амар Бајрамоски
Катерина Клењоска
Филип Шипоски

СРЕБРЕН

Мила Стојмиловска
Мила Стојанова
Елеонора Јосифоска
Анамарија Стојмиловска
Мелани Јакуповска

БРОНЗЕН

Салих Тајроски
Салих Рахимоски
Давид Спироски
Драгица Рафтоска
Давид Јаулевски
Андреј Гогоски.

Џудо клубот „ДРИМ“ настапи со 8 џудисти и на меѓународниот турнир “JAGODINA OPEN” во Јагодина, Р. Србија каде освои 7 медали.

Со медали се закитија:

ЗЛАТЕН

Анамарија Стојмиловска

СРЕБРЕН

Мила Стојанова
Елеонора Јосифоска

БРОНЗЕН

Драгица Рафтоска
Мила Стојмиловска
Катерина Клењоска
Лука Трца

Давид Спироски 5-то место.

OhridNews