Охриѓаните Дејан Чолески и Благоја Трајчевски постигнаа неверојатно голем успех на професионалниот турнир во бразилско џиу џицу кој се одржа изминатиот викенд во Швајцарција освојуваќи сребрено односно бронзено одличје.
Чолески и Трајчевски кои се членови на охридскиот клуб на професионалниот турнир во Швајцарија беа дел од македонската екипа која финишираше на третата позиција во генералниот пласман. Чолески со сребрен медал се закити во категоријата виолетови појаси до 94 кг (над 35 години), а Трајчевски во категорија виолетови појаси до 85 кг (над 18 години).
Забележителен настап, но без медал во Швајцарија имаа Виктор Алексовски бели појаси до 77кг (над 18 год) и Илија Спасески плави појаси до 77кг (над 18 години).
OhridNews