Охридскиот стратег Драган Бочески и неговите избраници претрпеа голем удар во шампионските амбиции откако го загубија дербито со Вардар 2-1 на домашен терен.


– Многу сме им благодарни на навивачите кои во целиот натпревар безпоштедно не бодреа. Натпреварот го започнавме одлично постигнавме гол, но тука некаде застанавме и Вардар веднаш го искористи за го изедначиме. За голот незнам дали ни беше оправдано поништен, кој ќе ни донесеше барем бод на пресметката со скопскиот ривал – потенцираше Бочески.


„Црвено црните“ дојдоа да останат непоразени во Битола, а заминаа со цел плен. Не отстапија во намерите и кога Жуниор ја затреси мрежата на Павловиќ, туку со головите на Адемовиќ и Стојков направија комплетен пресврт.


– Ќе им честитам на моите фудбалери за победата над Пелистер кои во изманатиов период минаа низ тешки моменти и критики. Пелистер носен од публиката подобро го започна мечот, постигнаа и погодок, но тој како да ги разбуди моите избраници. Од тогаш заигравме организирано и почнавме да ја контролираме играта. За амбиентот во Битола, немам зборови ова му недостигна на македонскиот фудбал на сите стадиони – заклучи тренерот на Вардар, Боби Милевски.


Поразот од Вардар во „вечното“ дерби го симна Пелистер од врвот во Првата македонска фудбалска лига, а го зазеде Металург, кој минимално 1-0 триумфираше против Хоризонт Турново.

Мх.П.