Фудбалерите на Милан се вратија на врвот од табелата во „калчото“, победувајќи го Кротоне со 4-0 (1-0), на „Сан Сиро“, во рамките од 21-та рунда во Серија А.

Добитна комбинација за триумф на „росонерите“ беа Златан Ибрахимовиќ и Анте Ребиќ, кои постигнаа по два погодоци. Швеѓанецот реализираше за 1-0 и 2-0, а Ребиќ за 3-0 и 4-0. Популарниот „Ибракадабра“ со двата погодоци против Кротоне стигна до јубилејни 500 погодоци во кариерата.

Вреден триумф во 21-та рунда забележа и Удинезе, кој со  2-0 славеше во дуелот со Верона. „Бјанконерите“ од Удине головите за победа ги постигнаа во 83-та и 90-та минута. Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски во игра влезе на полувремето.

Денешните мечеви во Серија А ќе се комплетираат со натпреварите Парма – Болоња (18ч) односно Лацио – Каљари (20:45ч).

OhridNews