Австралиската полиција со солзавец успеала да го избрка кенгурот кој влегол во градината на една 94-годишна госпоѓа додека таа простирала алишта. Кенгурот се фрлил врз неа и почнал да ја удира со нозете, а нејзниото куче од страв се сокрило. Кога го здогледала црвениот кенгур, врста која расте до 2 метри и во еден скок минува девет метри, Филис Џонсон, која се опоравува во болницата вo Чарлевил во Квинсленд, помислила дека часовите и се одбројани.
Таа ијавила дека помислила оти кенгурот ќе ја убие. Се обидела да го избрка со метла, додека нејзиното куче се сокрило. Успеала да дојде до телефонот и да го повика синот кој се јавил во полиција. Кенгурот нападнал и двајца полицајци па морале да го смират со солзавец.