Вечерва во 21 часот на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, ќе се одигра финалето од фудбалската Лига на шампиони, во кое се среќаваат премиерлигашите Тотенхем и Ливерпул. Фудбалска треска го тресе и Охрид каде вечерва ќе се обединат фановите на Ливерпул од цела Македонија. Тие заеднички ќе го гледаат финалето во Кадмо бар во центарот на Охрид, кој за оваа пригода ќе биде обоен во црвено.

На настанот во Охрид најавено е присуство на симпатизери на Ливерпул од Битола, Велес, Штип, Скопје, Тетово…

Мечот ќе се следи на голем лед екран кој ќе биде специјално инсталиран за оваа прилика во Кадмо бар, а дел од средствата од прометот ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Ливерпул вечерва атакува на шестата титула во Лигата на шампиони, додека Тотенхем за прв пат игра во финале во најквалитетното фудбалско натпреварување на стариот континент.

OhridNews