Ден после официјалното потпишување на договорот за соработка меѓу Челси и Антонио Конте англиските медиуми ја склопија трансфер листата на италијанскиот стручњак.
Конте, според англиските медиуми најмногу ќе пазари во италијанската Серија А. На врвот од листата се наоѓа тандемот од Рома, Раџа Најнголан и Антонио Рудигер и фудбалерот на Јувентус, Пол Погба.
И дефанзивецот Леонардо Бонучи е меѓу посакуваните фудбалери на Конте, а при евентуално заминување на Диего Коста, „сините“ ќе го купат Гонзало Игуаин или Едисон Кавани.
Трансфер желбите на италијанскиот селектор за следната сезона ќе го чинат рускиот тајкун Роман Абрамовиќ од 200 до 250 милиони евра.
OhridNews