Четири години успешно работење одбележува познатиот „Home center“ на компанијата „Ангел Тренд“, кој е сместен во деловниот комплекс кај кружниот тек на ул „15 Корпус“, наспроти ЕМУЦ.
По тој повод за своите потрошувачи нуди 15 % попуст на целиот асортиман на производи, како и 20% попуст на теписи, осветлување, детска облека, играчки. Дополнително, со секоја сметка на 1000 денари следува бесплатен хот дог седнвич од „Trend Burger & Pizza“.
Купувачите може да изберат од богатата понуда на различни производи за домаќинство, квалитетни производи и играчки од светски брендови, предмети за уредување на домашни паркови и тераси, а центарот располага и со специјален продажен простор за долна облека и постелнини од познати македонски компании.
Им благодариме на купувачите кои повеќе од две децении го препознаваат нашиот бренд, го препознаваат квалитетот, врвната услуга и пристапните цени изминативе четири години во „Home centar“ и насочени сме кон следење на нивните потреби и во иднина, велат од „Ангел Тренд“.
Попустите по повод четвртиот роденден важат од 4 до 9 април.
OhridNews