Голем пропуст со кој се доведува крајниот исход во прашање се случи на мечот помеѓу ЦСКА Москва – Жалгирис во Евролигата. Нападот на литванците на почетокот од последната минута им беше скратен пет секунди, а да биде ситуацијата уште поделикатна топката на Жалгирис му беше одземена поради истекот на предвидените 24 секунди за завршница.
Ненамерната грешка, првично никој не ја забележа, но многу брзо се рашири на социјалните мрежи. Се уште нема официјално соопштение од Евролигата, која во иднина ќе мора да внимава на ваквите пропусти кои се ретки, но недозволиви.
OhridNews