Екипата на Торино запиша нови три бодови на табелата во Серија совладувајќи го Милан со 2-1 (0-1) во последниот натпревар од петтата рунда.
Домашните фудбалери до третата победа сезонава со која ставија точка на двата порази во серија стигнаа со пресврт во режија на Андреа Белоти. Офанзивецот на Торино, во 72-та минута погоди за егал додека четири минути подоцна со ножички стрелаше за целосен пресврт. Во првиот дел, Милан поведе со погодокот на Криштоф Пјонтек од белата точка.
Со триумфот, Торино се проби на шестата позиција а Милан остана на десеттата позиција со скор од две победи и три порази.
OhridNews