Во сабота со почеток од 21 часот во клубот Jazz Inn, охриѓани повторно ќе имаат можност да го проследат урнебесното кабаре „2 Mothers brothers” на Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски.
„Голем предизборен „митинг“ на 2Mothers Brothers. Кога сите политичари се приморани да молчат, тогаш ние ќе зборуваме! Бидете таму, доколку сакате да ја слушнете нашата програма и нашите проекти.“ – велат од Тодороски и Стаматовски.
Инаку, ова е проект на двајцата охридски актери кој трае час и половина и е исполнет до последна секунда со динамични авторски песни и преработки и секако основа на се е комедијата.
Картите за кабарето веќе се пуштени во продажба и можат да се купат во мјузик шоп ZZ Top.
OhridNews