Во градот Балаклија во Украина, поради голем пожар кој избувна утрово во складиште за муниција, евакуирани околу 15 илјади локални жители. Станува збор за едно од најголемите складишта во Хабровската област, а по пожарот, кој изби околу три часот по локално време, почнаа да одекнуваат детонации, поради што е прогласена зона за безбедност во радиус од седум километри.

Засега нема податоци за жртви од пожарот за кој се претпостаувува дека е последица на саботажа. Според податоците на украинското Министерство за одбрана, во складиштето се наоѓаат околу 138 тони муниција, меѓу кои најголем дел се тенковски и артилериски гранати од 125 и 152 милиметри.