Голем пожар избувнал утрово на Ада Циганлија во Белград. Според белградските медиуми еден сплав целосно изгорел, а огнената стихија зафатила уште еден ресторан.
Пожарот, како што јави државната телевизија РТС, го гаснат 30 пожарникари со 13 возила. Противпожарната единица утрово во 7:30 часот добила повик дека избувнал пожар на еден од сплавовите на Ада Циганлија.
Сплавот „Кокета“ кој бил целосно направен од дрво, бргу изгорел, а огнената стихија зафатила уште еден ресторан „Ред шуз“ и според медиумите, се заканува да се прошири и на другите објекти.
„Блиц“, информира дека речиси сите објекти кои се наоѓаат во делот каде што избувнал пожарот се направени од дрво, што дополнително им ја отежнува работата на пожарникарите.
Српските медиуми јавуваат дека материјалната штета е голема. Засега нема информации за повредени.
OhridNews
Макфакс