Фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг го воодушеви фудбалскиот свет со потегот пред полуфиналниот натпревар со Брајтон во ФА Купот. Англискиот репрезентативец купил 550 билети, кои, веднаш ги поделил за учениците во школото, каде што тој се образовал.
- Не зачуди барањето од Стерлинг, но и одлуката сам да ги плати. Сакаше да направи нешто за децата од училиштето каде и тој одел на школо. Тој воопшто не направи еуфорија, туку ги зеде билетите и замина. – изјавија од клубот од Етихад.
Стерлинг покрај билетите на учениците им обезбедил превоз и оброк заедно со фудбалерите од Манчестер Сити.
„Граѓаните“ силите со Брајтон во полуфиналето од ФА Купот ќе ги одмерат на 6 април во сабота на легендарниот стадион „Вембли“. Мечот ќе започне во 18 часот и 30 минути.
OhridNews