Солзите и молбите на сестрата од Емилијано Сала кој заедно со пилотот на авионот „Пајпер Малибу“ исчезнаа во понеделникот допреа до Н`голо Канте. Францускиот репрезенативец поведе иницијатива за покренување на нова потрага по авионот, откако спасувачките екипи ја прекинаа поради неуспехот и малите шанси да преживеат фудбалерот и пилотот.
Фудбалерот на Челси кој шест месеци ја делел соблекувалната со аргентинскиот фудбалер во Каен на британските власти преку своите агенти ги контактирал и им понудил финансиски средства за да ја продолжат потрагата. Претходно на социјалните мрежи иницијатива покренеа Лионел Меси и Серхио Агуеро.
Наскоро треба да се знае како реагираат на оваа понуда спасувачките екипи кои во соопштението до јавноста наведоа дека употребиле се што имаат на располагање во потрагатата која нажалост не вроди со позитивен исход.
Англискиот премиерлигаш Кардиф кој го ангажираше Сала од Нант за 17 милиони евра нема да добие никакво обештетување, а на помош додека се стабилизира клубот ќе добие од Лестер. „Лисиците“ ќе го вратат од позајмица Ислам Слимани и ќе го пуштат во Кардиф без финансиски надомест.
Лестер веќе има искуство од ваква трагедија, бидејќи минатата година во хеликоптерска несреќа загина претседателот на клубот и екипажот кој се наоѓаше во него. Судбината ги спои овие два тима, а Лестер ќе му подаде рака на својот ривал од Премиер лигата.
OhridNews