Празните трибини нема да бидат единствен пех за Македонија во полуфиналниот дуел со Косово во баражот за пласман на Европското првенство, откако шокантни вести за А репрезентација стигнаа од Наполи. Имено, Елиф Елмас е ковид позитивен и сигурно нема да биде во комбинација за средбата со Косово.

Информацијата ја потври клубот од Сан Паоло кој изврши две тестирања во краток временскиот период. Резултатите од првиот тест беа негативни, но кај Пјотр Зеелински се појавија симптоми, а во вторите тестирања позитивен резултат доби Елмас.

Настапот на Горан Пандев е исто така доведен под знак прашалник. Пандев треба да добие посебна дозвола за патување од италијанските власти бидејќи целиот тим на Џенова се наоѓа во изолација после 14-те позитивни случаи.

Македонија мечот со Косово го игра на 8 октомври.

OhridNews